Иако оваа Нова година, естрадните уметници нема да ја дочекаат на сцена поради коронавирусот, тие веќе ги украсија своите домови во новогодишно руво.
Некои се уште не покажаа како изгледа нивната оаза за време на новогодишните празници, а некои веќе го покажаа домот во новогодишно руво.
Меѓу нив и пејачката Марија Шерифовиќ.
Имено, таа на својот „Инстаграм“ позираше покрај наќитената елка и своето куче Хаг.
„И ние имаме елка“, напиша пејачката покрај фотографијата.

Објавата за краток период доби над 90 000 лајкови.