Радио Милева „розмантично-хумористична“...

Емилија Розман на себесвојствен начин ги брои деновите до Нова Година: Наместо новогодишна елка, хумор на своја сметка (ФОТО)

Емилија Розман на себесвојствен начин ги брои деновите до Нова Година: Наместо новогодишна елка, хумор на своја сметка (ФОТО)

Нова Година и Дедо Мраз, елка, лампиони, украси, сијалички, слатки и подароци… И се разбира весела, опуштена атмосфера, полна со радост, песна, дружење, забава… Вака некако сите ја замислуваме и дочекуваме Новата Година и деновите пред најлудата ноќ, кои вообичаено се денови на опуштање и дружење… Но за жал, не и годинава, зашто оваа веројатно беше најлошата година од почетокот на новиот милениум. Затоа и нема атмосфера како што е вообичаената пред новогодишните празници, ниту пак расположението може да биде такво после се’ што ни се случуваше и се’ уште се случува во годината на корона пандемијата, со многу заболени и изгубени животи.

Затворени, изолирани, депресивни, отуѓени, асоцијални… Стануваме лошо друштво и за себе, а камо ли за околината, во која колку и да сакаме, колку  и да имаме желба и волја, се’ помалку имаме можност за дружење со блиските, роднините, пријателите, другарите, колегите… Најчесто дома, во четири ѕида, со мобилниот в рака, покрај компјутерот или телевизорот во виртуелниот свет на дигиталната технологија, изгубени во морето различни информации и лажни вести, збунети, конфузни, некако осамени во душата, дури и кога не сме сами…!

Затоа многумина од нас и ги бројат деновите до Нова Година, која сите едвај чекаат да дојде само со една цел: За што побргу оваа 2020 да замине… Да ја испратат во неповрат и никогаш повеќе ваква да не ни се повтори.  И додека некој брои на прсти, друг гледа на календар, трети ги бројат викендите, останатите ги бројат обврските и сето она што им останало да го завршат како обврска до Нова Година, Емилија Розман ги брои деновите до 31-ви декември на себесвојствен начин. Единствен и оригинален!

Имено, за македонската мисица, манекенка и модел како што е познато, оваа 2020 година беше „несреќна“ не само заради коронапандемијата која ја погоди и неа како и сите нас, особено нејзиниот бизнис за цвеќе, подароци и нивното аранжирање и пакување.

Госпоѓица „Розмантична“ летово влета во романтична авантура, која за 24 часа се претвори во свршувачка, од која убавицата излезе само за неколку недели. Експресно кажа ДА, па се премисли и покаја и по кусо „брачно искуство на одредено време“, се разиде со свршеникот… Според неа благовремено, и тоа на неодредено!

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/emilija-rozman-se-razvede-se-omazi-za-momche-shto-go-poznavashe-edvaj-24-chasa-a-se-razvedoa-po-brak-od-samo-nekolku-nedeli/

Токму ваквата годинешна животна случка, Розман ја искористи за шега на сопствена сметка според која ги брои деновите до Нова Година:

Еееј уште 2-3 брака и разводи и оп, Нова Година“ – напиша (одново) госпоѓица Розмантична на својот Фејсбук профил, правејќи хумор на своја сметка наместо да кити новогодишна елка!

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин

To top