Американската комичарка, актерка и водителка Елен Деџенерис денес објави дека е позитивна на тестот за коронавирус, но дека се чувствува добро.
Елен Деџенерис, водителката на истоименото ток-шоу, на Твитер изјави дека сите луѓе со кои била во близок контакт биле информирани дека е заразена со коронавирусот, пренесува Ројтерс.
„Сакам да ве известам сите дека имав позитивен тест за Ковид 19. За среќа, во моментот се чувствувам добро“, рече Елен Деџенерис.