Пејачот Џеј Рамадановски во своите интервјуа често ја спомнуваше Андријана, но освен пријателите и вработените речиси никој не знаел ништо за неа.
Таа никогаш не сакала да се експонира во јавност, на Џеј му помагала околу се’ што треба и две децении речиси не се разделиле.
Пријателот на Рамадановски, Зоран Јагодиќ Руле откри колкава поддршка му била Андријана Томаниќ на Џеј.
„Сите знаат за Андријана. Таа жена е чудо. Таа му беше лева и десна рака. Јас ја познавам 25 години, а тие заедно живееја 20 години. Тој сакаше да ја нарекува неговата „бела жена“. Дури и сакаше да напише книга со наслов „Бела жена“. Сите знаеја – кога не може да го добијат Џеј, ја бараа или Андријана или Руле“ истакна Јагодиќ.
„Таа е прекрасна, некој кој многу го сака Џеј. За својот однос никогаш не зборуваа, но тоа се знаеше. Но, никој и не ги праша за тоа“, вели Руле за курир.рс
Имала важна улога во неговиот живот, особено кога се разболел. Тие се запознале пред повеќе од две децении преку заеднички пријатели. Во октомври, тие беа на нивниот последен одмор, во Бечиќи, каде поминаа две недели.
Во последно време, Андријана му договарала на Џеј за настапи, концерти, разговарала со медиумите.
Потсетуваме, Џеј Рамадановски почина во сон на 6 јануари во неговиот дом. Тој бил со помошничката Дара додека Андријана била по намирници.
Кога се вратила во станот повикала Брза помош бидејќи не можела да го разбуди пејачот. Џеј имаше 56 години.