Холивудскиот актер Џорџ Клуни (59) неодамна бил примен во болница поради воспаление на панкреасот, односно поради диетата која ја држел за да ослабе за улогата во новиот филм, пишува „Мирор“.
Имено, за потребите на снимањето на филмот “The Midnight Sky” тој изгубил 13 килограми, поради што имал здравствени компликации.
„Мислам дека премногу се обидов да ослабам брзо и веројатно не се грижев добро за себе“, изјави Клуни.
– Исто така, пуштив голема, грда брада. Мојот син ја сакаше затоа што криеше во неа работи за кои не би знаел додека не заминам на работа. Мојата сопруга и сестра ми беа многу среќни кога ја избричив – додаде актерот