Која жена не сака промена кога е изгледот во прашање?
Тоа најчесто се однесува на гардероба и подновување на плакарот, но фрирурата исто така е важен момент за освежување или промена.
Нашите три познати Македонки, пејачките Тијана Дапчевиќ и Сара Мејс, а и водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска се решија да направат мала промена на своите фризури.
На сите три им се погоди да го направат тоа во ист ден и да се пофалат на својот профил на Имнстаграм.
Освен тоа што се фотографираа со намера убаво да се види промената, тие ги прашаа и следбениците како им се допаѓа?
Она што дополнително им беше заедничко освен што беа на фризер во ист ден, е тоа што се одлучија за руса нијанса, односно техниката нијансирање.
За оваа постапка беа одлучни Сара Мејс и Лила, додека Тијана како и секогаш беше оригинална со кусата коса која ја направи платинесто руса, додека од страните ја остави кратка и во природната боја.
Епа, како им стои промената?