Коронавирусот и пандемијата со короната ја обележија 2020та година.
За некои изминатите 12 месеци беа среќни и бериќетни, за некои не беше баш успешна година, некои од познатите го прележаа короронавирусот, а некои ја изгубија битката со болеста на 21век.
Познатите особено оние од естрадата изминатиот период најмногу го поминаа дома, без микрфон, настапи, без концерти и турнеи по регионот и светот, а прашање е кога повторно ќе застанат пред публиката.
Меѓутоа, ги имаше и ониe за кои оваа година беше плодна, па се реализираа во улогаа на родители.
Меѓу нив и македонската водителка и новинарка, Анастасија Деа Богдановска и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски – Бемен кои ја добија ќерката Дениција.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/anastasija-dea-bogdanovska-za-prvpat-celosno-go-pokaza-licenceto-na-denicija/
Деновиве, Деа ги сумираше впечатоците од 2020та, па истакна дека оваа година и донесе среќа бидејќи нејзиното семејство се прошири за нов член.
-Без разлика на се (и колку и да е одвратна на одреден и полиња) , мене оваа година ми донесе среќа.И тоа неизмерна. Таква каква што не верував дека може да постои. И љубов каква што не знаев дека може да се почувствува.
Затоа што во сето сивило таа е светлина. Во сета изолација таа ми е топлина. Како што Петре напиша ” како да внесував летен воздух во воздухот зимен…“
И зборувајќи за среќа, оваа година не’ научи дека сепак среќата не зависи само од нас самите (иако во други услови, би го кажала токму спротивното)… Нашата среќа зависи од однесувањето на некој кој можеби и не го знаеме.
Нашата и туѓата среќа и следната година ќе зависи токму од другите. Нашето однесување за Нова година и празниците, ќе влијае на тоа дали оваа пролет и лето ќе можеме конечно да здивнеме. Од нашето однесување и одлуки ќе зависи дали некој ќе плаче од тага или среќа.
Годинава да подариме одговорност и да си посакаме да останеме сите на број“ пишува водителката покрај фотографијата со нејзината наследничка сумирајќи дека 2020та и била најубава поради Дениција.
Се надеваме дека 2021 година ќе биде многу подобра од оваа, дека полека ќе се вратиме во нормала, а естрадните уметници на сцена….