Радио Милева морбидна лага

Уште една шокантна вест се проширил на Интернет дека починал Митар Мириќ: Фолк легендата е жив и здрав, се огласи дека не му може никој ништо, посилен е и од судбина (ФОТО)

Уште една шокантна вест се проширил на Интернет дека  починал Митар Мириќ: Фолк легендата е жив и здрав, се огласи дека не му може никој ништо, посилен е и од судбина (ФОТО)

Митар Мириќ, легендарниот српски фолк пејач кој го испеа големиот хит „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“  е уште една во низата јавни личности за кои некои корисници на социјалните мрежи објавија дека починала.

Имено, една анонимна личност ја напишала оваа лажна вест, која брзо се прошири на Интернет.

„Црните денови не завршуваат оваа година. Уште една  легенда нè напушти, овој пат можеби најголемата по Шабан. Колегите се збогуваат со солзи, а нашиот Митар замина“ – беше напишано во лажен пост на Фејсбук.

Пејачот видно потресен од ова, веднаш решил да ја побара правдата на суд.

„Со што се служат луѓето… страшно! Митар е жив и здрав. Ова се лажни вести! Сега ќе си поиграме малку на суд со оние што објавуваат лажни вести. Никој не ни може ништо…“  – беше одговорот на ПР тимот на Мириќ на неговата официјална страница на Фејсбук.

Веднаш потоа се огласи и менаџерот на пејачот Амер Хоџиќ, кој потврди дека сè е во ред и дека Митар е сосема добро. Аца Лукас еднаш се соочи со слични проблеми, кога некои медиуми објавија дека тој починал, а во случајот на покојниот Шабан Шаулиќ, тоа се случуваше неколку пати, но за жал последната објава беше вистинита.

To top