Радио Милева Потребата да се биде како останатите

Кралицата Елизабета инсистира оваа домашна обврска да ја прави сама иако има илјада слуги

Кралицата Елизабета инсистира оваа домашна обврска да ја прави сама иако има илјада слуги

Пол Бурел, поранешен личен асистент на кралицата Елизабета, откри дека кралицата иако ги има на располагање сите услуги во кралството, сепак сака да работи една домашна работа сама.

Имено, кралицата секоја година оди со своето семејство на имотот Балморал во Шкотска, каде ги поминува своите лета, а потоа честопати бара самите да ги мијат садовите после оброкот.

фото:профимедиа

-Кралицата сака да оди на патувања, а ние и подготвуваме храна, но затоа сака сама да ги мие садовите. Облекува гумени ракавици и вешто ги мие, додека асистентот ги брише со сува крпа – рече Бурел.

Патем, тој започна да работи за кралицата кога имаше 18 години, а во 1987 година стана личен слуга на принцезата Дајана, сè до нејзината трагична смрт.

To top