Кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг Филип оваа година новогодишните празници ќе ги поминат во замокот Виндзор кој веќе е украсен во новогодишно руво.
Имено, на официјалниот профил на кралското семејство се најдоа фотографии од магичната декорација.
Целиот замок е осветлен со сијалици, венци, а најголемо внимание привлече прекрасната украсена новогодишна елка од седум метри.

Елката од седум метри го украсува коридорот на Свети Ѓорѓи, најголемата просторија во замокот.

Новогодишното дрво е украсно со 3 000 сијалички и преовладуваат црвени декорации.