Српската актерка Даница Максимовиќ била заразена со корона и хоспитализирана во болница каде што се лекувала една недела од Ковид 19.
Телеграф.рс пишува дека актерката е пуштена од болница во текот на вчерашниот ден.
Нејзината здравствена состојба е стабилна, а на домашно лекување е пуштена откако тестот покажал дека е негативна на Ковид 19.