Пејачката Ана Николиќ гостуваше во емисијата „Ексклузивно“ во која проговори на разни теми, а на самиот почеток на разговорот зборуваше за ситуацијата со коронавирусот.
„Како може да бидам, како и сите луѓе во оваа земја, се чувствувам лошо, несигурно, исплашено. Секако дека не се чувствувам најдобро, но шоуто мора да продолжи. Она што го доживеав околу себе, од страна на семејството, пријателите, членовите на поширокиот круг на семејството ги сместив по болници, не е баш пријатно, ги бројам деновите да заврши оваа година“, вели Ана и додава:
„Се чувствувам немоќно, беспомошно, секако дека може да се најде начин, не е баш пријатно и не е се така како што изгледа, малку сиутацијата е посериозна, целото семејство ми е вработено во здравство. Пола од здравствените работници е заболено, нема кој да ги лечи. Откако ја родив Тара во мојата куќа се влегува со маски. Во мојод дом и пред короната се влегуваше со маска и ракавици, а ретко некој да доаѓа“ изјави Николиќ.