Радио Милева виртуелен секс

Мајли Сајрус призна дека има онлајн секс за да не се зарази со коронавирус

Мајли Сајрус призна дека има онлајн секс за да не се зарази со коронавирус

Американската пејачка Мајли Сајрус во своето последно интервју истакна дека нејзиниот сексуален живот станал виртуелен за време на пандемијата со коронавирусот.

Имено, пејачката која ова лето се раздели од музичарот Коди Симпсон со месеци не се гледа со никој, но и понатаму има акција преку интернет.

„Имам онлајн секс на „FaceTime“  – тоа е најбезбеден секс. Не сакам да се заразам со Ковид“, започна Мајли.

„Дефинитивно нема да правам ништо што може да биде неодговорно за мене и другите луѓе. Смешни се луѓето кои не сакат да преземат никакви мерки за да се чуваат едни со други“ додава пејачката.

28 годишната пејачка додаде дека ова време е многу интересно за запознавање на нови луѓе.

 

To top