Познатите веќе полека се подготвуваат за новогодишните празници и на социјалните мрежи покажуваат како изгледаат нивните домови во новогодишно руво.
Младата бизнисменка и милионерка, Кајли Џенер редовно ги воодушеува своите фановите со нејзините објави на социјалните мрежи.
Меѓутоа, овој пат се надмината самата себе.
Имено, Кајли покажа детаљ од својот дом и дека весело ги дочекува празниците.
Таа и оваа година ги импресионираше своите фанови со новогодишната елка која е висока колку два ката. Украсена со новогодишни украси и сијалички, новогодишната елка на младата милионерка собра повеќе од 4 милиони лајкови на Инстаграм.
Под објавата се нижеа и разни коментари.
„Елката е три пати поголема од мојата куќа“; „Поголема од мојата самодоверба“, „Дојди кај мене да ја накитиш“, напишаа нејзините следбеници.