Радио Милева се гледаше дека меѓу нив има љубов и хемија

Рада Манојловиќ: „Сопругот на Тања Савиќ секогаш беше фин со мене“

Рада Манојловиќ: „Сопругот на Тања Савиќ секогаш беше фин со мене“

Со месеци наназад една од главните теми во регионалните медиуми, барем кога станува збор за естрадата е приватниот живот на Тања Савиќ.

Имено, нејзиниот сопруг Душан во април месец и ги зеде синовите на пејачката и ги однесе во Австралија, а дотогаш пејачката ги нема видено наследниците и во јавноста изнесе шокантни детали од бракот со сопругот.

Нејзината колешка Радмила Манојловиќ во интервју за „Скандал“ проговори за Тања и нејзината ситуација.

На прашањето дали е упатена во тоа што се случува со Taња Савиќ, таа вели:

„Да, упатена сум, не ги видов деталите. Ја знам суштината, но не коментирам бидејќи ја знам неа и нејзиниот сопруг“.

фото: Принтскрин/инстаграм/радаманојловиќ

Го познаваш Душан?

„Да, ама не толку добро, меѓутоа доволно добро за да кажам дека секогаш беше фин со мене и мојата сестра. Дури јас и мојата сестра еднаш бевме кај нив и не можам ништо да кажам“, вели Рада.

На прашањето дали Тања и Душан изгледале како убав пар, Манојловиќ вели:

„Да, се гледаше дека меѓу нив има љубов и хемија и дека децата им се воспитани. Ми е жал кога се распаѓа некое семејството, но не можам да навлегувам во причините. Жал ми е што поминува низ ова“.

фото: Принтскрин/инстаграм/радаманојловиќ

Пејачката открива дека по ситуацијата се слушналата и со Тања.

„Да, се допишувавме на Инстаграм. Јас никогаш не сакам да се мешам, само да кажам дека сум тука и ако на некој му треба помош ќе се јави. Јас само ја посоветував околу новинарите,  но не сакам да се мешам“, заклучи Манојловиќ.

 

To top