Македонските јавни личности еден месец пред крајот на 2020та година започнаа да ги украсуваат домовите во новогодишно руво.
Некои од познатите ги покажаа новогодишните елки и декорации во нивните домови подготвувајќи се да ја испратат оваа година која сите ќе ја паметиме по коронавирусот.
И македонската водителка Анастасија Деа Богдановска во кусите приказни на Инстаграм се пофали со новогодишната атмосфера во нејзиниот дом.
Имено, таа ја покажа елката украсена со лампиони и украси, а на врвот има и ѕвезда.
Исто така водителката ги покажа и сијалички покрај прозорецот, па нејзините следбеници имаа прилика да ѕирнат во новогодишниот амбиент во домот на познатата новинарка.
Инаку, за Анастасија Деа Богдановска оваа година беше бериќетна и среќна. Имено, таа и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски – Бетмен станаа родители на нејзината ќерка за која го одбраа името Дениција.
Потсетуваме, Деа и Богдан се запознале преку заеднички пријател, а шармантната новинарка и ТВ водителка долго време ја криеше врската со својот избраник.