Пејачката Милица Тодоровиќ признава дека отсекогаш сакала долги и стабилни врски, па така до 30-та година од животот, колку што сега има, беше во врска 13 години, а последната со актерот Петар Стругар, заврши неславно.
Имено, пејачката истакнува дека има најголем страв од осаменост и дека по раскинувањето купила куче за да не биде осамена.
– Мојата приказна со Петар заврши. Не гледам во минатото, туку само кон иднината. Гледаш, сега сум вистинска дама со куче. Не ми се допаѓа кога сум сама, искрено, најголемиот страв ми е од осаменост. Затоа сега имам куче и никогаш не ми е досадно – атрактивната русокоса ја започнува својата исповед за „Хит Информер“ и додава дека, кога и е најтешко, бара помош од психотерапевт:
View this post on Instagram
– Тој многу ми помага. Кога и да ми треба разговор, одам кај него. Понекогаш се соочуваме со разни проблеми и не можеме да ги решиме сами. Кога луѓето би сфатиле дека одењето кај експерт е најдобрата потрошувачка на пари, тогаш не би се срамеле. Јас ги сакам тие сесии! Заминувам, ги предавам сите свои проблеми, понекогаш плачам, го симнувам товарот …! Различно е отколку кога ќе му кажете на пријател, бидејќи цело време имате предвид дека доктор кој седи спроти вас. Ми се допаѓа и со задоволство би го препорачала на сите, завршува пејачката.