Хрватскиот музичар Стјепан Хаусер на Инстаграм одговараше прашања за неговиот емотивен живот и откри дека три години е сам.
Тој многу не зборува за својот емотивен живот, но овојпат одлучи да си ја отвори душата за своите следбеници на социјалните мрежи.
Кога фановите го прашаа дали има девојка, тој одговори:
„Не, мојата последна врска заврши пред три години и отогаш сум сам“, вели Хаусер.
Веќе е познато дека музичарот до 2017 година беше во врска со Јелена Розга. Нивната емотивна врска траеше две ипол години, а дури беа и свршени.
Следбениците го прашаа дали сака да ја најде вистинската љубов или да остане слободен за сите жени, тој вели:
„Ако некој посебен влезе во мојот живот, тоа може да се промени“, заклучи музичарот.
Потсетуваме, се шпекулираше дека Стјепан се забавувал со пијанистката Лола Астанов, но овие тврдења не испаднаа точни.