Љубовната врска помеѓу Ирина Шајк и Бредли Купер е интригантна веќе една година, особено откако тие решија да паузираат.
По четири години, актерот и моделот решија официјално да раскинат и да останат во добри односи поради нивната ќерка Ли Де Сине (3).
Со оглед на ситуацијата ширум светот, парот во последно време е се почесто заедно и се чини дека искри се раѓаат повторно. Анонимен извор тврди дека Бредли и Ирина се гледаат повторно.
“Тие повеќе не веруваат во родителство како порано – каде што само си предаваат дете едни на други – па решија да се дружат повеќе во тројца. Тие сакаат Ли да ги види заедно. Во еден момент, чувствата повторно се појавија. Наводната врска на Ирина со експерт за уметност, воопшто не беше сериозна, бидејќи вистинската љубов отсекогаш и беше Бредли “, изјави извор близок до парот.
Шпекулациите за нивно помирување, кои овој извор сега ги потврди, започнаа пред неколку месеци.