Кон средината на тековниот месец декември, на првиот канал од Македонската телевизија, започнува со емитување со нетрпение очекуваната петта сезона од популарната македонска серија „Преспав“.
Досега беа емитувани 4 сезони од оваа македонска комична серија, која стана омилена кај публиката. Како што велат од тимот, пансионот „Преспав“ е метафора за современото македонско општество во кое се соочуваат и прекршуваат балканските навики и менталитет со европските стандарди.
Токму ова добро познатите ликови не можат ова да избегаат, а последицата се многу конфликти и комични ситуации.
„Каков го оставивме, таков и го начекавме. Сплетки, интриги, љубовни заврзлами… и по некој турист. Нова сезона на „Преспав“ наскоро на МРТ1“ –пишува на официјалната Фејсбук страница на Преспав.
Додека ја очекуваме првата епизода од петтата сезона, погледнете го трејлерот за истата: