Музејот на Македонија денеска промовира Водич за лица со попреченост при посета на музеите, прва ваква публикација посветена на вработените во музеите.
Автори на изданието се Емилија Георгиева и Сузана Марковска.
„Во музеите секојдневно, во сè поголем број, организирано доаѓаат и лица со попреченост. Водичот ќе им овозможи на вработените во музеите да стекнат основни сознанија за лицата со попреченост и нивните карактеристики, подобрување на пристапот до музејските поставки и нивно адекватно приспособување според потребите на овие лица, како и стекнување неопходни информации за основните методи и техники на работа“ – соопштија оод Музејот на Македонија.