Радио Милева „меѓу редови или меѓу рогови“?

Игор Џамбазов уште на времето вака им го „плесна в лице“ на Бугарите… и тоа на нивен терен (ВИДЕО)

Игор Џамбазов уште на времето вака им го „плесна в лице“ на Бугарите… и тоа на нивен терен (ВИДЕО)

Бугарите упорно се обидуваат да не убедат дека сме Бугари. И нас и светот! Прават се’ само за да „свиткаме кичма“, да клекнеме на колена и понизно да им паднеме во „братски прегратки“  полни со изнудена љубов за „с’штио народ“!

И додека на секој нормален му е јасно дека „со сила убавина – не бива“, на оние кои со сила се прават „ненормални“ им е уште појасно дека мора да си ја одработат агендата, да си го одиграат орото на кое се (на)фатиле до крај, ако сакаат уште малку да поуживаат во привилегиите од нивниот „дебело платен рај“!  Само што за среќа поголемиот дел од народот не игра „во нивното оро на бугарска песна“, па работите не им одат баш како што планираа… Ниту на асимилаторските политики на источните „администратори“, ниту на предавничките „бизниси“ на домашните квислинзи.

Македонскиот актер, шоумен, водител, музичар, писател… што ти уште не Игор Џамбазов, како и секој свесен и осознаен македонски интелектуалец со патриотско срце и душа, не може ниту да им премолчи, ниту да им прости на оние што упорно ја туркаат вакавата агенда.

Затоа Игор се бори за себе, својата историја, својот народ, нација, јазик, идентитет, култура, за македонштината воопшто, на себесвојствен начин… Со мисла, збор и перо! Или со тастатура, ако повеќе сакате, според „новото нормално“!

Речиси секојдневно Џамбазов на своите профили на социјалните мрежи споделува мудри мисли, пораки, цитати… со кои упорно покажува и докажува кои сме, што сме, какви сме, а кои и какви се  тие… И оние кои би сакале „на сила да не присвојат“ и оние кои добро се платени во тоа да им помогнат…

 

Но, ако мислите дека Џамбазов е „новокомпониран патриот“, се лажете… Како родољуб, како човек што си ја сака својата земја и народ, како вистински Македонец се раѓаш и тоа го носиш во себе, во генот… И нема цена која можат да ти ја понудат тоа да го смениш. Оние што тоа го прават, веројатно се родени со фелер… Со фабричка грешка или грешка на природата, сеедно!

За оние што не знаат, не паметат или подзаборавиле, мало потсетување дека Џамбазов ова го докажа уште оддамна… И тоа на дело, уште пред две децении ако не и повеќе, кога на провокациите на „источните братја“ интилигентно им одговори со мудри мисли! А, кој умее да мисли, кој знае да чита „меѓу редови“, ќе сфати дека Игор на Бугарите „им го плесна меѓу рогови“!

Директно в лице и тоа на нивен терен… Како прв познат и популарен Македонец кој своевремено гостуваше во многу популарното шоу на нивниот шоумен Славеј Слави Трифунов! Погледнете што му кажа и напиша пред вклучени камери во живо Игор на колегата Слави, како одговор во скриената порака која асоцира на нивните „незаситни апетити“ и вечно неостварени „македонски соништа“!

To top