Радио Милева Љубов во етерот

Уредничката на Сител го најде својот Џејмс Дин: Само тој може да ја гледа и од другата страна на стаклото! (ФОТО)

Уредничката на Сител го најде својот Џејмс Дин: Само тој може да ја гледа и од другата страна на стаклото!  (ФОТО)

Убавата и шармантна уредничка на бизнис вестите на ТВ Сител очигледно има својот омилен ТВ лик. Го покажа и на фотографија – најголемиот мангуп и фраер во 50-ите, единствениот Џејмс Дин!

По теркот и урнекот на американската филмска икона, новинарката ја бараше и својата. И тоа неколку години наназад, за конечно аморовите љубовни стрели одново да го погодат, претходно несреќно скршеното срце на убавата битолчанка, Наташа Мерсовска… Давајќи и шанса за втора среќа!

И како што обично бидува, сите вистински љубови започнуваат  случајно, па така и оваа, нејзината… Од почетокот тајна и скришна, но како минуваше времето таа очигледно растеше како бруто домашен производ по глава на жител (БДП), што би рекла самата таа со нејзиниот економски речник во бизнис вестите кои ги води на најгледаната телевизија во Македонија во последниве години.

А кога растот на БДП е евидентен, вообичаено министерот излегува јавно да се пофали…

Така и Мерсовска, реши повеќе да не ја крие својата „посилна половина“, па постираните фотографии на нејзините профили на социјалните мрежи се се’ почести, а на нив… „Love is in the Air“!

Само што нејзиниот Џејмс Дин, според приложеното се вика Александар и нема врска ниту со новинарството ниту со медиумите, иако има врска со бизнисот… со стакло и стакларија!

Блазеси му… Зашто тој е  единствениот среќник што може да ја гледа убавата уредничка и од онаа, ама и од оваа, другата страна… на стаклото!

 

To top