Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ го открија полот на своето прво дете. Учесниците во „Задруга“ на оригинален начин дознаа какво бебе очекува Луна.
Имено, тие заминаа на една локација покрај базен во Белград и ја отворија кутијата која беше затворена.
Овој момент тие го снимија и го објавија во новото видео на „Јутуб“.
„Дали си подготвена?“, праша Марко.
„Не можам, не ми е добро“, одговори Ѓогани.
„Ни на мене“, вели Марко.
На крајот, Ѓогани зеде ножици, ја пресече лентата, а од кутијата излегоа розови балони, што значи дека Луна и Марко ја чекаат девојче.