Радио Милева вонреден случај

Сани Гроздановска во посета кај две познати кумановки: Каде подолго се задржа фолкерката, кај креаторот или психијатарот… пардон, психологот? (ФОТО)

Сани Гроздановска во посета кај две познати кумановки: Каде подолго се задржа фолкерката, кај креаторот или психијатарот… пардон, психологот? (ФОТО)

За атрактивната фолкерка Сања Сани Гроздановска многу нешта се оддамна познати, меѓудругото дека по потекло е родена кумановка, со адреса на живеење во Скопје. Деновиве Сани реши да посети две свои пријателки, две згодни кумановки на кои им појде на гости и тоа со причина… Или можеби со две?

Короната не е причина  или ако сакате, е причина повеќе телевизиите да имаат уште побогата програма за новогодишните празници за кои „99,102%“  што би рекол покојниот Амди Бајрам, од луѓето ќе останат дома во своите домови, со најблиските, семејството, покрај ТВ екраните.

Затао некои продукциски и ТВ куќи  уште отсега си ја сфатија сериозно работата, па си ги засукаа ракавите и тргнаа со снимање, а меѓу нив и сателитската ИН Телевизија која го сними традиционалното „Новогодишно музичко шоу“ кое ќе се емитува пред и за време на новогодишните и божиќните празници. Во него доминира фолкот, а меѓу сите фолк ѕвезди секако и таа – Сани Гроздановска.

Згодната пејачка добро знае дека за да бидеш музичка ѕвезда мора не само вокално туку и визуелно да блескаш, особено за највеселата и најлуда ноќ, колку и да била „луда, неубава и непредвидлива годината“, кои сите ќе сакаат што поскоро да ја испратат… во неповрат!

Затоа Сани ја посети својата стара пријателка и некогашна сограѓанка од Куманово, креаторката Ива Спасовска во чие модно атеље во Скопје отиде да се промени за снимањето на новогодишното шоу на Ин ТВ.

Варијанта еден, или варијанта два, или можеби обете? На Сани и требаше долго време да се одлучи која модна креација да ја одбере, која комбинацијада ја стави на себе?

На крај, изборот падна на кусото златесто фустанче од проѕирна тантела за кое фолкерката одлучи дека е попровокативно и поатрактивно да ја комплетира целата слика за оваа новогодишна прилика.


Впрочем, снимањето покажа дека фолкерката не згрешила во одлуката… Ниту во изборот на креаторот, ниту во делот на избор на моделот!

И ако атрактивната фолкерка кај првата екс-сограѓанка се појави со најава, кај втората позната кумановка очигледно заборавила, па изгледа не и се најавила, туку онака, „апансас“ и се исправила пред врата. И тоа не дома, туку пред новотворената ординација.

Имено, Сани била во посета на родното Куманово, па кога веќе се нашла таму, решила да сврати до „Психоверзум“ – психолошкото советувалиште во кое својата нова професија однеодамна почна да ја практикува  нејзината стара пријателка, колешка по „грло и микрофон“ и бивша сограѓанка, фолк пејачката и психолог, Тања Јовановска Трајкова.

Арно ама, Сани се појави ненајавена, па… ја „бакна вратата“!

„Докторката ја немаааа…“ – се пожали јавно Сани, а пријателката во старт и возврати со „психолошки совет“:

„Закажете го вашиот термин г-ѓа Сања Сани Гроздановска…За Вас може сеанса и после работно време“, на што Сани искрено се пожали:

„Јас сум вонреден случај и треба да бидам примена во секое време“… што најверојатно и беше сторено од страна на нејзината колешка.

Како натаму го поминаа времетео двете бивши сограѓанки, музички колешки и пријателки, не е познато… Дали се’ се заврши на кафе- муабет или Сани ја искористи оваа шанса и за психолошко-психотерапевтска сеанса, никој од нив не обзнани. Впрочем, дискрецијата на пациентите секако им е загарантирана.

Друго прашање е колакава е гаранцијата дали сеансата ќе помогне?

Како и дилемата каде повеќе се задржа Сани? Кај која од двете пријателки, познати кумановки: Кај креаторот или психијатарот… пардон, психологот?

 

 

 

 

 

 

To top