Манекенката Кендал Џенер за магазинот „Аrchitectural Digest“ ги отвори вратите од својот дом и покажа што поседува во својата луксузна вила.
Имено, моделот во интервјуто откри дека реновирањето на станот траело околу една година и за ентериерот ангажирала дизјанери.
Тие велат дека не знаеле што да очекуваат од 24 годишната ѕвезда.
„Нејзиниот вкус е поразличен од останатите членови на семејството. Нејзините барања беа разбирливи“.
Вилата има огромна дневна соба со камин, ходник со високи прозорци, соба за сликање на платно, канцеларија, голема кујна и треперазира, гардеробер, двоор со огромен базен и бања со златка када за капење.
Манекенката додека ја шетала новинарската екипа низ домот, изјави:
„Сакам дом со карактер. Кога влегов во својот ми се допадна чувството кое го имав, како да сум на шпанска фарма“.
„Мојот живот е полн со патувања, хаос и стрес, па сакав дом во кој ќе можам да се опутшам“, заклучи Кендал.