Фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ се зарази со коронавирусот во јуни годинава, исто како и нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ, и како што сега истакна, после тоа направила тест за антитела.
– Сè е тесно поврзано, сè што е поврзано со собирање луѓе престана. Прво, тоа го загрозува нашето здравје, познавам луѓе од моето опкружување кои имаат Ковид и не треба да се шегуваме на тоа, треба да продолжиме да бидеме внимателни. Направив тест за антитела, ги имам, затоа сум заштитена. Секаде е исто, целиот свет запре. Сè е поврзано, сè што ги зближува луѓето на глобално ниво запре – рече Цеца во „Хит твит“.
Пејачката неодамна беше на Кипар, каде што има куќа и раскажа каква е атмосферата таму.
– Бев во Кипар, друга земја, ние сме туристи таму, не гледаме медиуми, но моите пријатели го прават истото, тие зборуваат само за корона. Здравствениот систем не е толку силен, кај нас целиот медицински персонал се бори како лавови, но имаше многу поригорозни мерки. Не можам да коментирам дали тука треба да има поригорозни мерки – рече пејачката.