Мегафон Тажна вест

Почина Миша Алексиќ: Басистот на „Рибја чорба“ ја изгуби битката со коронавирусот

Почина Миша Алексиќ: Басистот на „Рибја чорба“ ја изгуби битката со коронавирусот

Басистот на рок групата „Рибја чорба“, Мирослав Миша Алексиќ, почина на 67-годишна возраст. Познатиот музичар ја загуби битката со коронавирусот. Миша Алексиќ се лекуваше во Клиничкиот болнички центар „Бежанијска Kоса“, а состојбата му се влоши и беше ставен на апарати за дишење.

Неговата ќерка Мина Алексиќ неодамна на Фејсбук напиша дека славниот басист добил ковид-19,  бил пренесен во болница и ставен на респиратор.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/gitaristot-na-ribja-chorba-e-zarazen-so-koronavirus-i-tri-dena-se-naogja-na-respirator/

„Секој час е негова борба за живот, исто како мојата и на мајка ми за него. Миша би сакал сите наши драги луѓе да знаат кој е лав и борец. Би сакала сите луѓе што го сакаат и го почитуваат како мајстор на рок овие денови да бидат со нас “, напиша Мина Алексиќ.

фото:фејсбук

Кариерата ја започна во 1970 година во групата „Ројали“ како бас гитарист и пејач. Таа година групата го освои второто место на натпреварот „Вечер со радио“, организиран од уредникот на емисијата Радио Белград.

Следната година, тој отиде во САД, каде што заврши средно училиште во Пајксвил, Мериленд. По враќањето во Југославија и под влијание на британските рок-великани „Deep Purple“ и „Led Zeppelin“, Миша ja формира групата „СОС“ со Драган Штуловиќ, Драган Тасиќ и Стеван Стевановиќ.
По неколкуте промени во составот, во бендот се приклучија Рајко Којиќ и Вицко Милатовиќ, со кои Алексиќ ја направија „Рибја чорба“ во 1978 година заедно со поранешниот пејач на групата „Рани мраз“, Борислав Бора Ѓорѓевиќ.

Покрај тоа што беше басист на групата, Миша Алексиќ беше и текстописец и продуцент на албумите на „Рибjа чорба“, еден од најпопуларните рок бендови на овие простори.
За време на неговата кариера, тој исто така пишувал песни и продуцирал албуми за бројни други уметници и бендови.

To top