Радио Милева братска игра на судбината

Ова е вистината како Дејан и Саша Матиќ го изгубиле видот: Една грешка, била виновна за се’… (ФОТО)

Ова е вистината како Дејан и Саша Матиќ го изгубиле видот: Една грешка, била виновна за се’… (ФОТО)

Пејачите Саша и Дејан Матиќ денес се многу популарни и речиси секоја песна што ќе ја испеат станува хит. Добро е познато дека тие двајца се близнаци, како и тоа дека се слепи. Сепак, многумина не знаат дека тие, всушност, се родени со одличен вид.

Имено, браќата Матиќ се родени во 1978 година во Бихаќ, предвреме во шестиот месец. Поради тоа, тие морале да поминат извесно време во инкубатор, а бидејќи породилиштето во Бихаќ не било добро опремено, биле преснесени во Загреб. Сепак, по само неколку дена, дошло до компликации и двете момчиња ослепеле. Не се знае точно што се случило, но се споменува дека тоа било вина на медицинската сестра со дозирањето на доводот на количеството кислород во инкубаторот, што довело до трајно слепило на бебињата. Како што самиот Дејан изјави за српски Телеграф, тоа било нечија вина, но тој никогаш не се распрашувал чија.

„Едноставно, се случило од невнимание. Сега, чие… не детализирав ништо и никогаш не прашав чија била вината. Без разлика дали бил доктор или медицинска сестра, јас не навлегував во тоа. Тоа беше предвремено породување. И дека било невнимание…“ – изјави тој.

 

Иако судбината им го одзелавидот, таа им дала неверојатен талент за музика, но и весел дух. Двајцата се многу успешни во својата работа, а денес имаат свои семејства со кои уживаат во љубов и внимание. Никогаш не помислувале дека поради нивниот хендикеп треба да имаат посебен третман, ниту пак се перципирале себе си поинаку од другите. Тие можеби го живеат  животот во темнибна, но со крената глава и отсекогаш биле најголема поддршка еден на друг. Фактот дека тие често се шегуваат на своја сметка доволно говори за фактот дека немаат комплекси и не се сметаат себеси за никакви жртви.

To top