Времето си мнинува многу брзо, а промените сакале ние или не, мора да доаѓаат. Оние кои пред некое време ни се чинеле мали, денес потпораснале, се смениле – кој повеќе, кој помалку.
Па таков е случајот и со талентираната кумановка Мартија Станојковиќ, девојченцето со ангелски глас кое ја направи Македонија горда со својот талент на музичкото шоу „Пинк ѕвездички“.
Мартија денес е доста поразлична од она каква ја запознавме пред неколку години, сака да експериментира со својот изглед и секојдневно е активна на социјалните мрежи, каде на своите следбеници редовно им презентира промените.
Оние што ја следат, добро знаат дека Мартија е вистински моден камелеон, кој храбро се трансформира во стилски поглед.
На нејзиниот профил на Инстаграм постојано има нови следбеници кои ја поддржуваат и мотивираат да продолжи во тоа темпо, а ние силно веруваме дека Матрија е голема музичка надеж на домашното забавно небо.
Инаку, наскоро од неа очекуваме нова песна, која за Денот на жената премиерно ја отпеа пред присутните, но најави дека песната наскоро ќе може да ја слушне целата јавност.