Поранешната тенисерка Јелена Јанковиќ и нејзиниот сопруг, доктор Бранко Бараќ ќе станат родители.
Како што пренесува Курир.рс, Јелена е бремена и наскоро ќе роди девојче.
За приватниот живот на тенисерката многу малку се знае и таа се труди да не објавува детали во јавноста. До неодамна го криеше и својот емотивен живот, но српските медиуми пред неколку месеци обелоденија дека е во врска со докторот од Белград, Бранко Бараќ.
Тие се запознале по тенискиот турнир одржан во јуни. Кога Новак Ѓоковиќ дознал дека е позитивен на корона, Јелена која била во контакт со него морала да се тестира.
Тогаш во една приватна болница го запознала докторот. Додека се лекувала од корона, тенисерката била во конткат со Бараќ, а потоа започнале да излегуваат.
Извор близок на двојката тврди дека Јелена е бремена и додава дека тие се пресреќни поради идната принова во семејството.
Како што пишуваат медиумите, Јелена и Бранко по неколкумесечно забавување најпрвин заминале на Црногорското приморје, а се зборува дека таа неодамна со семејството заминала во нивната куќа во Америка.