Во последното, односно најновото издание на телевизиското шоу „Улица Македонија“, кај Бојана Скендеровски, на гости беа браќата Мартин и Стефан од музичкото дуо „Некст Тајм“.
Секоја емисија има нови изненадувања и досега неслушнати разговори за деталите од приватноста и работата на оние кои досега седнаа наспроти Бојана, а овој пат тоа место го имаа близнаците.
Во пријатната и опуштена атмосфета, како домаќинката, така и гостите, на гледачите пред ТВ екраните им понудија нешто повеќе од еден час убав муабет, музика, забава, но и едно неочекувано изненадување, барем за браќата и за гледачите.
Имено, продукцијата се потруди за време на снимањето да го донесе и постариот брат на Стефан и Мартин, Филип, кои тие секако не го очекуваа.
Па така, освен тоа што гледачите имаа можност да го запознаат, колку наликуваат еден на друг, како го минувале детство, а сега и младоста, но и тоа да да го слушнат Филип како ја пее „Слушам кај шумат шумите“.
Инаку, постариот брат на „Некст Тајм“ исто така е музичар, а кога оваа талентирана тројка се најде заедно пред камери, тоа изгледаше вака: