Радио Милева Не може секој да те сака

„За неа нема закон“: Соседите распалија по Дара Бубамара

„За неа нема закон“: Соседите распалија по Дара Бубамара

Последните месеци Дара Бубамара е во центарот на вниманието на јавноста им медиумите поради врската со помладото 24-годишно момче Марко, со кого ги посетува луксузните летни одморалишта ширум светот.

Фолкерката е позната по тоа што не штеди пари, како и по тоа што сака да вози брзо и агресивно. Дара е родена во Нови Сад, живее на релација Нови Сад – Белград, а како што налагаат нејзините обврски, таа е често на пат.

Мислењата на соседите за пејачката се поделени. Додека некои мислат дека е премногу арогантна и груба, други ја фалат и имаат само убави зборови за неа.

“Дара јури околу Нови Сад со автомобил. Иако тука никој не вози брзо, таа е исклучок. Покрај тоа, паркира каде и да сака! Се чини дека за неа нема закон”, рече соседот на Дара.
Додека други велат дека таа нема проблем да им ги чува миленици додека ги завршуваат своите обврски.

Како за сите така и за Дара, не може секој да те сака!

To top