Радио Милева Има сè, може сè

Викторија Лоба среде светска пандемија со коронавирусот ужива за сите пари на оваа егзотична дестинација

Викторија Лоба среде светска пандемија со коронавирусот ужива за сите пари на оваа егзотична дестинација

Оваа 2020та година долго ќе се памети. Корона вирусот не само што ни наметна нова реалност и нов начин на живеење туку ни ги ограничи и патувањата.

Како што вели Лозано во неговата песна „Ова лето ќе се памти“, па така изминатиот летен период многумина ќе го паметат. Оваа година немавме годишни одмори на кои сме навикнати. Поради короната повеќето останаа дома или се одмараа на домашен терен.

Оние кои има закажно аражмани на некоја егозтична дестинација мораа да ги откажат, а изгледа дека така ќе биде и за новогодишните празниците.

Вирусот се уште беснее по светот и никако да се намалат бројките, а болниците се преполни. Така ни се чини дека оваа Нова година ќе ја поминеме дома со најблиските.

Македонската пејачка Викторија Лоба перидот на изолација и карантин го поминуваше со својот свршеник во нивниот дом во центарот на Скопје.

Во кусите приказни на „Инстаграм“, Лоба покажа како го поминува времето.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/viktorija-loba-najde-nachin-kako-vo-karantin-da-go-bilda-duhot-veruvam-deka-ovoj-losh-son-naskoro-kje-zavrshi-foto/

Меѓутоа, сега кога се намалени ристриктивните мерки и се отворени границите, време е за одмор.

Руската убавица деновиве ужива на егозтична дестинација  односно во Дубаи.

На својот „Инстаграм профил“ сподели неколку фотографии и на своите следбеници им покажа како ужива во оваа туристичка локација.

Таа прво сподели како се шета покрај плажа и ужива под зраците на сонцето.

фото: Инстаграм/викторијалоба

Исто така низ неколку фотографии покажа како изгледа и ноќна прошетка во Дубаи.

Има сè, може сè, па Лоба знае како да го искористи времето додека нема настапи и да ги наполни батериите за новите музички дела кога ќе заврши короната.

To top