Коронавирусот не ги заобиколи ниту познатите личности. Многумина од нив заболеа од вирусот на 21век, некои поминаа со полесни симптоми, некои со потешки, а некои ја изгубија битката.
Уште една млада пејачка деновиве се бори со короната. Имено, Марија Микиќ откри дека веќе осум дена е зарезена со Ковид 19.
Таа откри дека ја боли секој дел од телото и дека прима инфузија.
– Па, и Инстаграм не е целиот тој гламур, убаво монтирани слики каде сме нашминкани и средени. Корона 8ми ден. Излегов од дома само за да примам терапија и инфузии. Луѓе, ова не е наивно“, напиша Марија во описот на фотографијата.
„Чувајте се и чувајте ги своите. Мислиме дека сме посилни од се’ и од она: „Ма, нема мене да ме фати“. И после доаѓаш до тоа да те боли цело тело. Епа короно, нема да може“ – порача пејачката.
View this post on Instagram