Радио Милева демант или скриено признание?

Северина и младиот винар се огласија по написите дека се во врска: „Смешно ми е“

Северина и младиот винар се огласија по написите дека се во врска: „Смешно ми е“

Регионалните медиуми пишуваат дека дошол крај на бракот на Северина и нејзиниот сопруг Игор Којиќ, па наводно пејачката сега повторно е заљубена и е во емотивна врска со сопственикот на винарија, Томислав Воштиниќ.

Имено, медиумите пишуваат дека наводно Севе и Игор не се виделе шест месеци.

Тие се уште се следат на социјалните мрежи, но подолго време не објавуваат заеднички фотографии и последен пат комуницирале за роденденот на Игор.

фото: Инстаграм/северина

Се зборува дека хрватската е во врска со 10 години помлад сопственик на винарија.

Во текот на септември, Северина ги однесе своите пријатели во винаријата на Томислав, а тој тогаш  не се фотографирал со нив.

Во таа прилика Северина позираше во црвен фустан, а друштво и правеа нејзините блиски пријатели односно нејзниот менаџер, нејзиниот ПР теам, докторката Наташа Десниќ со која интезивно се дружеше во текот на летото и внуката Миа Поповиќ.

Во врска со наводната љубовна врска меѓу Северина и Томислав, се огласи и ПР службата на хрватската пејачка.

фото: Инстаграм/воштинтомислав

„Со оглед на вашето прашање, сакаме да кажаме дека се работи за пријател од поширокиот круг на друштво на Северина, во чија винарија се одржа настан на кој присуствуваше и самата Северина. На овој начин ги демантираме нагодувањата за било каков друг вид на однос“ велат од тимот на Севе, а пренесува „Слободна Далмација“.

По овие шпекулации за хрватските медиуми се огласи и Воштиниќ:

„Леле, глупости. Не ме прашувајте воопшто, смешно ми е“, изјави тој.

Кога го прашале дали ја познава пејачката, тој одговорил:

„Се’ e океј, ајде чао“, заклучува Томислав.

To top