Радио Милева борба за живот

Басистот на „Рибја Чорба“ е заразен со коронавирус и три дена се наоѓа на респиратор

Басистот на „Рибја Чорба“ е заразен со коронавирус и три дена се наоѓа на респиратор

Бас гитаристот на рок групата „Рибја Чорба“ Миша Алексиќ (67) е заразен со вирусот корона и се лекува во КБЦ „Бежанијска коса“ од 13 ноември. Состојбата на Миша е влошена и тој веќе три дена е на респиратор.

Неговата ќерка Мина Алексиќ  објави својот емотивен статус на Фејсбук, нагласувајќи дека секој час е негова борба за живот.

фото: фејсбук

„Мојот Миша се зарази со коронавирус и веќе три дена е на апарати за дишење. Секој час е негова борба за живот, како и за мене и мојата мајка. Миша би сакал сите наши драги луѓе да знаат колку е борец. Тој би сакал сите луѓе што го сакаат и го почитуваат како мајстор на рок овие денови да бидат со нас и да веруваат дека ќе победиме Ковидот. Сите мислевме дека е шега и до пред две недели седев со моето семејство на ручек и се смеевме дека не сакаме да носиме маски и разговаравме каде да одиме на забава или ручек. Јас сега останав со два родители во болница. Исплашена сум, но јас верувам во среќа и добра енергија. Ве молам, за Миша да праќаме силна енергија до Универзумот и што побрзо да биде на сцената“, напипа Мина покрај заедничката фотографија со татко и.

To top