Радио Милева последно збогум за Токан

Српската естрада во шок и неверување се простува од починатиот колега: „Зошто Боже зеде толку прекрасен човек“!? (ФОТО)

Српската естрада во шок и неверување се простува од починатиот колега: „Зошто Боже зеде толку прекрасен човек“!? (ФОТО)

Бојан Златановиќ, тапанарот на популарната поп-рок-фолк група „Амадеус бенд“ почина денес на 45-годишна возраст од последиците од коронавирусот, а неговите колеги од бендот скршени од болка се збогуваат од него со лични, емотивни пораки на социјалните мрежи.

„Не ми се верува дека го пишувам ова.Зошто Боже зеде толку прекрасен човек.Токане, ќе останеш засекогаш во нашите срца, ќе те паметиме, засекогаш ќе останеш најдобриот тапанар за нас.Почивај во мир и нека те чуваат ангелите“ – се зборовите со кои се простија неговите колеги од бендот својот тапанар и другар.

Покрај музичарите од популарниот бенд, многу пејачи ја објавија тажната вест. Бора Ѓорѓевиќ потсети на своето запознавање и соработка со Бојан и се осврна на злобниот вирус од кој почина Златановиќ.

„Момчињата од групата со кои и јас сораработував се многу воспитани и пријатни луѓе. Затоа и работевме заедно и на лично мое, но и на општо задоволство. Моето искрено сочувство до најблиските на Бојан. Оваа корона не избира, коси.  Почина Бора, менаџерот на  Лексингтон бенд, нашиот менаџер Бане Обрадовиќ тешко го мина и едвај го преживеа Ковид 19, а нашиот басист Миша Алексиќ и неговата сопруга Јасмина во моментов се во болница. Луѓе, чувајте се“ – порача Бора Чорба преку српски Курир.

Композиторот Драган Брајовиќ Браја ја објави црно-белата фотографија на Бојан, а покрај неа кратко напиша: „Токане, слава ти и благодарам“.

Пејачката Слаѓа – Алегро истакна дека е скршена поради смртта на колега и се прости од него на својот Инстаграм.

„Немам зборови за да ја опишам тагата. Почивај во мир, добар наш“ – напиша.

Преку социјалните мрежи се огласи и пејачката Ивана Павковиќ:

„Патувајте со ангелите“ – сподели Павковиќ.

To top