Британската актерка Елизабета Харли објави нова фотографија во бикини со цел да ја промовира својата нова линија на костими за капење и во таа прилика ги воодушеви фановите со својата витка линија.
Имено, актерката се потсети на среќните времиња и на својот Инстаграм објави фотографирањето кое го имаше ова лето.
55 годишната актерка го покажа своето секси тело во дводелно бикини.
„Сеќавање на убавите времиња без корона, фотограгирање во бикини на плажа“, напиша во описот.