Американската пејачка и латино дива Џенифер Лопез (51) синоќа настапи на „Американските музички награди“ со нејзиниот 26-годишен колега Малума, и ја „запали“ публиката со нејзиниот жежок танц.
Џенифер Лопез овој викенд доминираше кога во проѕирен костим изведе секси настап на сцената на АМА 2020.
51-годишната пејачка прва се појави на сцена, каде на лицето се појави со крст, па на Твитер најмногу се шпекулираше што сака дивата да каже со тоа.
Потоа и се придружи Малума, со кој неодамна сними две нови песни „Pa ti“ и „Lonely“, кои станаа хитови низ целиот свет.
Џенифер изведе секси танц на масата, а потоа и на столче во секси црн костум со про sирни ногавици и ракави, што го потпишува брендот „LaQuan Smith“ и чинат 524 фунти.
Нејзината коса беше стилизирана да изгледа како да е мокра, додека на очите имаше црно „smokey eye“.
Погледнете го целиот настап на Џенифер Лопез и Малума на видеото подолу.