Познато е дека Владимир Блажев или Панчо од „ДНК“ нема влакна на јазикиот, па секогаш го кажува она што го мисли и ја „плеска“ вистината во лице.
Овој пат тој беше отворен за своите следбеници на „Инстаграм“ каде што одговараше на разни прашања
Неговите следбеници беа расположени да го прашат што сакаат, а тој беше располжен да даде искрени одговори.
Во кое одделение ти била првата девојка?
-Во 5то.
Мислење за Луна Ѓогани?
-Немам.
Дали стварно си бил кошаркар и дали си почнал во Работнички.
-Да, играв до мојата 21 година и никогаш за Работнички (Фала богу) инаку инспирација секогаш ми бил Перо Антиќ, ама за жал останав метро и дваесет, па среќа на време сменив професија.
Што би направил после короната?
-Влегувам во диско фиксно.
Перо Антиќ или Горан Пандев?
-Две македонски легенди во два различна спорта. Неспоредливо и невозможно да се одлучам, а моја огромна почит кон двајцата.
Како се справуваш со анксиозноста освен со таблети, нешто природно?
-Научив да живеам со неа и ја прифатив. Таблети неам пиено никогаш во животот и тоа е голема победа. Спортувам, читам, правам тоа што ме прави среќен и тоа што ме исполнува, а п според мене тоа е клучот на успехот над анскиозност.
Што ќе кажеш за Оги жолтиот?
-Прекрасно момче со билљбиљски глас и неприкосновани шуљи.
Дали ќе направите песна со Тони Зен?
-Не.
Зошто не со Тони Зен?
-Бидејќи во моментов не сме на иста бранова должина околу музиката која ја прави он и ние како ДНК.
Дали се смиривте со Слаткар и дали ќе има песна со него?
-Се’ e во ред.
Еден од македонските јутубери кажа дека не се дружиш со Андреj, дали е тоа точно?
-Да, точно е воопшто не се дружиме ниту пак се слушаме. Едноставно тераме како ДНК и не гледам никаков проблем во тоа.
Дали би направил свој соло албум?
-Ако ми се роди таква идеа зошто да не.
Инаку, голем број од македонските естрадни уметници се на пауза поради короната, па немаат ниту настапи, ниту пак може да подготват некое музичко парче.