Родителите на Душица Јаковљевиќ за нејзиниот роденден ја изненадиле со торта на полноќ, а ден подоцна таа направи голема забава на која присуствуваа пријатели од естрадата.
Шармантната водителка, позната по тоа што ги изразува своите ставови без двоумење, откри што сака да промени во себе.
– Одамна сакав да ги променам градите на себе, и благодарение на еден лекар, ќе го сторам тоа за неколку дена – рече Јаковљевиќ за „Блиц“ и додаде:
– Јас не сум личност што го крие тоа, затоа што сметам дека секој треба да го промени она што не му одговара – заклучи водителката.