Пејачката Наташа Малинкова не е од оние познати кои постојано „висат“ на социјалните мрежи и нон стоп да известува за своите активности пред и зад камерите.
Така нејзини последни фотографии на социјалната мрежа „Инстаграм“ се од летото кое е зад нас.
Малинкова деновиве одлучи да си посвети време за себе и нега на нејзиното лице, па замина на третман за разубавување.
Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“ таа откри дека е на третман за подмладување, обновување и заздравување на кожата.
Пејачката се фотографираше додека беше во салонот за убавина и објасни како оди целиот процес.
Чистење и припрема на лицето за третман.
Нанесување пред и после третман на серуми и коктели кои во зависност од кожата се нанесуваат во различен состав.
- Боцкање со дерма пенот со соодветни иглички на него.
По завршувањето на третманот, пејачката задоволно го покажа крајниот ефект и го препорача на нејзините следбеници.