Марија Шерифовиќ ги шокираше своите обожаватели кога се појави во утринската програма кај Јована и Срѓан, бидејќи пејачката ни под разно не сака рано да станува, но овој пат мораше… или сакаше! Ама сепак, не им “прости” на водителите, па ги “нападна” уште на самиот почеток на разговорот.
„Тешко беше да се разбудам, не се сеќавам кога последен пат бев гостин некаде рано наутро. Секогаш ќе кажам дека вие не сте нормални, а вие секогаш ќе велите дека јас не сум нормална“ – рече Шерифовиќ, која легнала нешто пред три часот, па затоа и беше тешко да стане.
Степенот до кој Марија е спонтана и природна, е и фактот што таа дури и опцу среде емисијата која одеше во живо, кога кучето прво и ги собори очилата, па пејачката скокна малку да го „воспита“.