Радио Милева

Новата водителка на „Брза кујна“ откри детали за приватниот живот: „Слободното време го поминувам со партнерот“

Новата водителка на „Брза кујна“ откри детали за приватниот живот: „Слободното време го поминувам со партнерот“

Сања Савеска е новото лице на кулинарското шоу „Брза кујна“ во кое заедно со готвачите и учесниците подготуваат разни специјалитети.

Сања е познат телевизиски лик од утринската програма „Македонија денес“ на телевизија 24. Меѓутоа, многу ретко се знае за нејзиниот приватен живот.

Имено, таа е активна на социјалните мрежи, но таму најчесто објавува фотографии од студио и од своите професионални ангажмани.

фото: фејсбук

Сепак, водителката сега откри детали од приватниот живот и откри со кој го поминува своето слободно време.

„Секој слободен момент го користам да бидам со мојот партнер Томи кој е моја поддршка во се’ што работам. Сакаме многу да шетаме во природа,но и да се возиме на мотор. Во старата реалност сакавме да посетуваме концерти и театарски претстави. Секогаш покрај себе имам добра книга, а голем дел од слободното време го поминувам со моите внуци Матеја и Михаил од кои ја добивам најчистата љубов и енергија“, изјави Савеска за „Слободен печат“.

фото: фејсбук

Инаку, таа исто така немала прилика да се сретне со претходната водителка на „Брза Кујна“, Александра Илиевска.

Потсетуваме, Илиевска оваа година не е дел од шестатата сезона на кулинарското шоу бидејќи е бремена и наскоро нејзиното семејство ќе се прошири за нов член.

To top