Кон почетокот на 1987 година беше емитувана првата епизода од најгледаната серија на поранешна Југославија „Бољи живот“. Емилија Попадиќ и Гога Моравац беа култните ликови кои пред малите ТВ екрани го собираа целото семејство.
Актерката Светлана Бојковиќ за српски Курир.рс вели дека и денес и недостига тоа време и секако серијата. Таа исто така открива со што ја освоил третиот сопруг и дека и недостига животот во Финска.
-Носам убави споемени од Финска. Уште не можам да кажам дали ќе ми недостига затоа што многу сум приврзана за Белград и својата средина. Во секој случај, Финска ќе ми биде убав спомен.
Кога гледа од оваа дистанца на серијата „Бољу живот“ таа вели:
-Нажалот, во Србија не постои „Подобар живот“. Дојде некое друго време. Се е забрзано, владее сиромаштија, на луѓето им е тешко, има се повеќе класни разлики во општеството, изјавува актерката.
Инаку, Светлана досега се мажеше трипати, а има една ќерка која исто така е актерка.