Радио Милева „убиствен спој“...

Андреј и Наум се „ар ен би – фолк“ комбинација само за на ракија и пиво или и за студио и во живо: Се подготвува ли дует од соништата? (ФОТО)

Андреј и Наум се „ар ен би – фолк“ комбинација само за на ракија и пиво или и за студио и во живо: Се подготвува ли дует од соништата? (ФОТО)

За естрадата, па и за оваа нашава,  обично се вртат муабети дека пејачите и пејачките меѓу себе многу „не се мирисаат“. Слабо се дружат и кога тоа го прават, повеќе е од интерес или лицемерна формалност за пред камери и фотобјективи, а во суштина не се баш блиски, а поедници дури не сакаат ниту „очи да си видат“.

Муабети и кулоарски приказни колку сакаш, а вистината е секогаш некаде на средина, помеѓу двете крајности. Поединци се „смртни непријател(к)и“, а поедници пак како „браќа“ или „сестри“… И многу малку од нив, малку повеќе „блиски“… Барем, одвреме-навреме!

Како и да е, некои заеднички средби, некои случајни дружби прераснуваат во трајни пријателства, па и повеќе од тоа, а од нив излегуваат моменти кои  долго, па и цел живот се паметат. Во поубавите и посреќни времиња во кафуле или кафеана,  со поголемо друштво, денес во ова тажно време на пандемија, најчесто по дома, и тоа по протокол, најмногу до четворица!

Најдобар пример дека е ова жива вистина е спојот на навидум неспоивото… Ар ен би артист и фолкер, „забавњак и народњак“, две грла од ист еснаф, ама од тотално различен жанр… Обајцата врвни изведувачи, елита во својата професија, естрадни ѕвезди – парекселанс: Андреј од „ДНК“ и Наум Петрески!

Обајцата се знаат и отпорано, како што и отпорано се дружат… Кога се можеше колку сакаш и со кого сакаш и во кафуле и кафеана и во ресторан… Обајцата мераклии на добро друштво, понекоја чашка, убаво мезе и добра песна.

Го правеле тоа секогаш кога можеле, го прават и денес и покрај целата ситуација со корона пандемијата и сите протоколи и препреки. Ако не може во кафеана, може по дома. На гости, во опуштена атмосфера, на дружба, чашка-муабет, релаксација, можеби малку едукација…

„Со татко ми и брат ми учиме ритмика со покојниот чичко Пако Де Лусија“ – напишал шеговито Андреј покрај најново споделената фотографија.

Андреј и Наум се „ар ен би – фолк комбинација“ само за на ракија и пиво или и за студио и во живо?  Покрај дружбата ќе им се вкрстат ли и професионално патиштата, се подготвува ли можеби дует од соништата?

Ова прашање си го поставија и обожавателите и новинарите откако осамна најновата фотографија од нивното дружење на социјалните мрежи. На неа двете ѕвезди на домашна дружба, весели, расположени и насмеани, а подоцна можеби и заедно распеани, зошто да не? Замислете само каква би била тоа комбинација, кога Наум би рапувал, а Андреј запеал трилери?

Но, да оставиме времето да покаже што ќе произлезе: Дали само „мерак на душата“ за опуштање или идејата за дует во нив ќе се вгнезди, па ќе се „изроди“ и заедничка мерак песна на двете ѕвезди? Ако сепак се случи, живо сме заинтересирани како ќе звучи тој „убиствен спој?“

 

 

To top