Радио Милева подмладениот маестро

Личен, бричен, стрижен… „до последно влакно“: Зоран Џорлев непрепознатлив, со тотална трансформација, но и важна порака (ФОТО+ВИДЕО)

Личен, бричен, стрижен… „до последно влакно“: Зоран Џорлев непрепознатлив, со тотална трансформација, но и важна порака (ФОТО+ВИДЕО)

Нему музиката му е во гените, уште откога се родил, па и пред тоа… Син на македонската фолк легенда, покојниот инструменталист и автор на народна музика, неповторливиот Наско Џорлев, тој уште од дете ќе се сретне, запознае и вљуби во музиката, во својот инструмент – виолината. Како еден вид негова професионална „животна сопатничка“, нераскинлив дел од него, неговото знаење, умешност, виртуозност, професија… Денес и самиот врвен инструменталист, професор, познато и признато музичко и уметнничко име… Или, Зоран Џорлев и веднаш се’ ви е јасно, се’ е кажано!

Познат по сето она што години наназад го работи, но и по препознатливииот изглед и имиџ: Очилата за дипотрија, долгата собрана коса, некогаш руса, сега малку подобелена, долгата исто таква брада. Трејд марк, заштитен знак на најпознатиот македонски маестро на виолина.

Арно ама, се’ до сега… Или поточно,  до пред некој ден, кога маестро Џорлев реши од корен  да го смени својот имиџ… И тоа „до последно влакно“!

Имено, Џорлев објави нови фотографии на социјалните мрежи на кои е тотално непрепознатлив.

Без очила, кратко потстрижан, избричен… како да е друг човек! Во секој случај, помлад, за многумина поубав и поличен.

Впрочем многубројните коментари најдобро ја потврдуваат оваа теза, дека вака Џорлев изгледа баеги подмладен! Меѓу нив и голем број познати и јавни личности, блиски пријатели на „бричениот маестро“, кои не го криеа своето воодушевување:

Од сите нив, најгласен неговиот внук, новопечената млада  „Гранд ѕвезда“, Огнен Здравковски, кој му порача: „Крвта не е вода. Момче… најубав и најсакан вујче“!

Нешто пред тоа, новиот имиџ маестро Џорлев го искористи за да се приклучи кон една хумана акција, иницијатива или поточно кампања за поддршка на органодарителство на националното здружение за донирање човечки органи „Храбро срце“.

Погледнете го видеото и слушнете ја пораката на маестро Зоран Џорлев:

 

 

 

 

To top