Радио Милева

Милица Тодоровиќ врската со Петар Стругар ја нарече „промашај“, а сега конечно ја откри вистинската причина за раскинување

Милица Тодоровиќ врската со Петар Стругар ја нарече „промашај“, а сега конечно ја откри вистинската причина за раскинување

Пејачката Милица Тодоровиќ гостуваше во емисијата „Сценарио“ на Курир.рс во која што откри зошто повеќе не е во врска со Петар Стругар.

Имено, Милица и Петар беа заедно неколку месеци, а сега пејачката откри зошто ставиле крај на љубовната романса.

„Коњот пресуди. Коњот не спои, коњот не раздели. Се шегувам. Кога нешто не оди, не оди. Тоа е единствен емотивен промашај кој го имав. Енергетски не се согласивме. Јас бев на една страна, а тој по цел ден беше со коњите и тоа е тоа“ изјави Тодоровиќ во свој стил.

Потсетуваме, претходната година Милица и Милош Пауновиќ ставија крај на нивната долгогодишна врска, а потоа пејачката започна врска со Петар која траеше само неколку месеци.

To top