Радио Милева

Вака изгледа родената сестра на Северина која јавно се откажа од пејачката

Вака изгледа родената сестра на Северина која јавно се откажа од пејачката

Зденка Вучковиќ Зуниќ јавно се откажа од својата сестра Северина Којиќ.

Пејачката има две сестри кои не се експонираат во јавност. Зденка Зуниќ која живее во Хрватска и Маријана Вучковиќ Поповиќ која живее во Белград.

Зденка вели дека никогаш нема да и прости на пејачката што се омажила за Србин.

Таа вели дека не и паѓа на памет да оди на концерт од нејзината сестра и да се смират.

„Не бев на нејзиниот концерт во Сплит, а ни во Белград. Никогаш нема да одам во Белград“,изјави Зденка.

Севе е во добри односи со својата сестра Маријана која живее во Белград, додека пак со Зденка нема никаков контакт.

фото: експресотаблоид/фејсбук

Како што се пишуваше, сестрите се скарале  околу земјиштето во улицата Вуковарска во Сплит, каде што беше изграден пат  за  трговскиот центар. Зденка тврдеше дека земјиштето е во сопственост на семејството Вучковиќ и очекувала Северина да се вклучи во судската битка за тоа, но пејачката им рекла на своите сестри дека не е заинтересирана за тоа.

Севе се обиде да се смири со Зденка, па ја покани на нејзината венчавка во 2015 година. „Не бевме на свадбата на Северина во Белград, ниту на онаа во Истра“, изјави тогаш Зденка, додавајќи дека „сестрата не ја признава како своја сестра“.

Хрватката ја повика својата сестра да се освести затоа што „ќе заплаче како што плачел Вуковар“.

Од друга страна, Северина никогаш не сакаше да го коментира својот однос со Зденка.

To top